За нас

Ја почнав кариерата на аудио инжинер и продуцент во 1993 година во студиото Моцарт во Скопје за време додека студирам на музичката академија во Скопје каде и дипломирав на отсек Музичка теорија и педагогија  и Хорско диригирање. Неколку години потоа станувам член на етно групата Синтезис како аудио инжинер и копродуцент на повеќето аудио и видео изданија: “Let God Smite Him”, “DVD 10 Години Synthesis”, Identity, Synthesis и Наум Петрески, Остров како и повеќе други изданија снимани, миксани и мастерирани од мене.
Во ПОДРУМОТ се снимани и продуцирани повеќе музички фестивали: Тетовски Фолк-Фест (2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010 and 2011), Фолк-Фест Валандово(2007, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012, 2013) Етно Фест Скопје 2007 и др…
Досега имам соработувано со повеќе македонски фолк и поп пеачи и музички групи: Наум Петрески, Благоја Грујоски, Каролина Гочева, Мариа Џез трио, Сузана Спасовска, Сузана Јовчеве, Анета Наковска, Ѓорѓи Крстевски, Синтезис, Монистра и многу други.
Во минатите неколку години соработувам и со популарната етно група Љубојна со која имаме снимено и издадено повеќе албуми како и театарска и филмска музика со лидерот на групата Оливер Јосифовски. Најнова соработка со младите поп-рок бендови “Pluto’s Doubts” и “Funk Shui” со кои имаме издадено по еден албум.